Робин Ријана Фенти (англиски: Robyn Rihanna Fenty), попозната само како Ријана (родена на 20 февруари, 1988 во Св. Мајкл, Барбадос) e барбадоска пејачка. До својата шеснаесетта година живее во Барбадос, но пото се преселува во САД за да изгради своја музичка кариера заедно со продуцентот Ивен Роџерс. Во исто време таа потпишува и договор со Def Jam Recordings после аудицијата со тогашниот сопственик Џеј-Зи.
Во 2005 го реализира нејзиниот прв албум наречен Music of the Sun (македонски: Музиката на сонцето). Нејзиниот прв сингл „Pon de Replay“ ги завзема топ позициите на топ листитите како на Американскиот континтент, така и во Европа. За помалку од гина го издава и вториот студио албум наречен A Girl Like Me (2006) (македонски: Девојка како мене). Песните од овој албум кој успеваат да го заземат топ место на чарт листовите се: „SOS“, „Break It Off“, како и светскиот мегахит „Unfaithful“ со кој Ријана поставува стабилно место во светот на музичките ѕвезди. Но, сепак нејзиниот мометален најголем успех се случува со третиот студиски албум Good Girl Gone Bad (2007) (македонски: Добрата девојка станува лоша). Песни од овој албум кој застанаа на TOP 5 во светските гласувања се: „Umbrella“, „Don't Stop the Music“, „Take a Bow“ и „Disturbia“. Во октомври 2009 го издава синглот „Russian Roulette“ кој е најава за нејзиниот четврти по ред албум Rated R.
Ријана има продадено над 12 милиони плочи, во светот во нејзината четири годишна кариера и има добиено неколку признанија, вклучувајќи ги и оние од 2007 година Светски музички награди за World's best-selling женски изведувач и поп-женски забавувач на годината, како и во 2008, американските музички награди за Омилен соул / Р & Б женски изведувач и Поп-рок женски изведувач. Таа истотака ја има функцијата на културен и почесен амабасадор на Барбадос.
No comments:
Post a Comment