Saturday, October 16, 2010

Емилија Атиас


Емилија Атијас (шпански: Emilia Attias) (родена 20 март, 1987) е професионален модел, глумица и танчерка во Аргентина. Се има појавено на многу насловни страници на голем број списанија вклучувајќи ги и Maxim, Gente и Gabo. Најдобро е позната по својата улога како Сиело Махико, подоцна Паз Бауер во аргентинската телевизиска серија Ангели.
 


Својата кариера ја започнува некаде во 2003 година со гостување во неколку епизоди од серијата Млади бунтовници. Подоцна се здобива со мали улоги во некои сегменти на некои телевизиски емисии. Нејзината прва главна улога ја добива во 2007 година, во телевизиската серија Ангели каде ја толкува Сијело Махико, млада девојка во потрага по вистината за своето минато. Серијата е моментално во својата трета сезона, каде Атијас повеќе не ја толкува улогата на Сијело Махико туку ја глуми нејзината ќерка Паз, исто така протагонист во серијата.

Кети Пери


Кетрин Елизабет Хадсон (англиски: Katheryn Elizabeth Hudson, 25 октомври, 1984) или попозната како Кети Пери (Katy Perry) е американска пејачка и текстописец. Својата слава ја стекнала во 2007 година со нејзиниот хит "Ur So Gay" и со нејзиниот хит од 2008 година "I Kissed a Girl".

Таа е родена и израсната во Санта Барбара, Калифорнија во религиозно семејство и слушала религиозна музика. По завршувањето на нејзиното средно училиште, таа ја започната својата музичка кариера.

Шакира


Шакира Изабел Мебарак Рипол (родена на 2 февруари 1977) позната како Шакира, е колумбиска пејачка, текстописец, музичарка и танчерка која направи вистински пресврт на музичката сцена во Латинска Америка во раните 1990-ти. Таа е родена и порасната во Баранкила, Колумбија. Шакира уште како мала се занимавала со живо пеење на рокенрол, латинска и либанска музика, а истотака и уште од мала се бавела со стомачен танц. Мајчин јазик на Шакира е шпанскиот, но истотака таа целосно ги зборува англискиот, португалскиот и италијанскиот.
После серија од комерцијални неуспеси со локалните продуценти на нејзините први два албума и нејзината мала познатост надвор од Колумбија, Шакира одлучува да направи нејзин нов бренд на музика: во 1995 таа го реализира Pies Descalzos, којшто и носи голема слава во Латинска Америка и Шпанија и ја обележува Шакира како музички феномен. Но во 1998- тите ¿Dónde Están Los Ladrones? станува најважниот албум на пејачката кој добил најмногу позитивни критики од познати издавачи како Rolling Stone, All Music Guide и Billboard. Од тогаш понатаму таа добива голем број фанови во земјите каде што шпанскиот не е официјален јазик, а посебно во Соединетите Американски Држави. Во 2001 таа прави промоција на нејзиното музичко видео за песната „Whenever, Wherever“ и сто тоа го пробива мразот во Англо-светот со реализацијата на нејзиниот прв албум на англиски наречен „Laundry Service“ кој се продаде во повеќе од 12 милиони копии на светско ниво. Четири години подоцна Шакира реализира два албума наречени „Fijación Oral Vol. 1“ and „Oral Fixation Vol. 2“. И двата го потврдуваат нејзиниот успех, а за тоа „зборува“ и нејзиниот хит којшто воедно и е најголемиот хит на 21 век „Hips Don't Lie“. Шакира работи на последните подготовки за нејзиниот најнов проект насловен како „She Wolf“ кој ќе биде реализиран во Октомври, 2009.
Таа има добиено две Греми награди, седум Латински Греми награди, а истотака е номинирана и за Golden Globe. Истотака таа е и најпродаваниот колумбиски артист на сите времиња, и втор по ред најпродаван женски латински изведувач со околу 50 милиони копии продадени на светско ниво според БМИ. Освен тоа таа е и единствениот изведувач од Јужна Америка што го достигнала врвот во Северно Американските Billboard Hot 100, Canadian Hot 100, Австралиската ARIA и UK Singles Chart.
Шакира ќе биде наградена со своја ѕвезда на Hollywood Walk of Fame.


Кариера
Првиот албум на Шакира „Magia“ е снимен со Sony Music во 1990 кога таа има само тринаесет години. Песните се колекции зачувани од кога таа имала осум години, миксани поп-рок балади и диско со електронско придружување, но истотака во нив и има и продукциска и снимачка обработка. Албумот е реализиран во 1991 и во него е вклучен синглот „Magia“ и уште три други реализирани синглови. Иако добро котира на Колумбиското радио и и дава на младата Шакира повеќе слава, комерцијално албумот слабо се пробуива, бидејќи само 1,200 копии од албумот биле продадени.Музичкото видео за песната „Magia“ е и првото национално поп видео во Колумбија. После слабата популарност за албумот, продукциската куќа на Шакира брзо ја враќа назад во студиото со цел да сними популарни песни од оние на албумот.
Иако малку знаена надвор од нејзината родена Колумбија, Шакира била поканета да пее на Viña del Mar International Song Festival - фестивал во Чиле во февруари 1993. Фестивалот им дава можност на младите Латино-американски изведувачи да се претстават со свои песни, а победникот го одбира жирито. Шакира се претставува со песната „Eres“ („Ти си“) и заврши на третото место. Во жирито на фестивалот учествува и тогашниот 20-годишник Рики Мартин кој гласа за Шакира.
Шакира ја има снимено песната „¿Dónde Estás Corazón?“ (подоцна реализирана на нејзиниот албум Pies Descalzos) специјално за компилацијата „Nuestro Rock“ во 1995 која била реализирана само во Колумбија. ¿Dónde Estás Corazón? бил единствен хит од албумот, а тоа им овозможи на Sony да и дадат шанса на Шакира за трет албум.
Шакира му се вратила на снимањето во 1995 со Луис Ф. Очоа, употребувајќи музички стилови од повеќе земји и со тоа дошло до создавањето на нејзиниот трет албум Pies Descalzos (македонски: Голи нозе). Снимаерто на албумот започнало во февруари 1995, после успехот на нејзиниот сингл ¿Dónde Estás Corazón?. Сони и дал на Шакира 100, 000 долари за продукција на албумот бидејќи тие помислиле дека албумот нема да се продаде во повеќе од 100, 000 копии. Албумот бил презентиран на мала публика во Кастиланскиот театар во Богота на 6 октомври 1995. Мелодиите на албумот се брзи, изненадувачки и полни со ритам и му носат нешто на латинскиот свет, нешто што дотогаш било нечуено таму. На 13 февруари 1996 албумот бил реализиран интернационално.
Во март 1996 Шакира ја прави и нејзината прва турнеја насловена едноставно „Tour Pies Descalzos“ кој наслов бил посветен на смртта на неколку фанови како резултат на големиот неконтролиран метеж од 50 000 луѓе на нејзиниот концерт во родниот град Баранкила. Година подоцна Шакира добива три награди за овој албум.
Pies Descalzos има продадено повеќе од 5 милиони копии, а брзо после неговото издавање бил издаден и ремикс албумот насловен едноставно The Remixes (Ремиксите). The Remixes исто така вклучува и португалски верзии на некои од нејзините добро познати песни кои биле снимени како резултат на успехот на албумот на бразилскиот маркет.[19]

Низ низа успеси и добивката на „Светска Музичка Награда“ за најдобро продаван латински артист за тоа време, Шакира почнува да го подготвува новиот материјал за нејзиниот втор студиски албум. Исто така таа била избрана од низа латински пејачки да ја краси насловната страна на магазинот Time, во статијата насловена Ера на рокот.
Нејзиниот втор официјален студио албум ¿Dónde Están Los Ladrones? кој бил продуциран целосно од самата Шакира и Емилио Естефан Јуниор бил издаден во септември 1988 година. Албумот кој бил инспириран од несреќа која се случила на аеродром во кој актовка полна со нејзини текстови и била украдена станал поголем хит од нејзиниот претходен албум Pies Descalzos. Allmusic и Rolling Stone го оценија албумот со четири од пет ѕвезди. Албумот достига највисока позиција и се искачува на 31 место на С.А.Д. Billboard 200, а се задржува на првото место на С.А.Д. Латински албуми цели единаесет недели. Од тогаш има продадено повеќе од 1.5 милиони копии, со што е еден од најпродаваните шпански албуми во Соединетите Американски Држави. Осум од вкупно единаесетте песни на албумот беа издадени како синглови вклучувајќи ги „Ciega, Sordomuda“, „Moscas En La Casa“, „No Creo“ кој стана и нејзиниот прв сингл кој успеа да завземе место на С.А.Д.Billboard Hot 100, „Inevitable“, „“, „Si Te Vas“, „Octavo Día“, и светски познатата песна со арабиски призвук „Ojos Así“. За последните две песни Шакира добива и Латинска Греми награда, а шест од осумте синглови стигнаа до ТОП 40 на американската латинска скала.


Според податоците од 2010, до ден денеска ¿Donde Estan Los Ladrones? има продадено десет милиони копии на светско ниво. Шакира исто така во 1999 ја добива и првата номинација на Греми Наградите за најдобар Латински Рок Албум. Првиот live албум на Шакира, MTV Unplugged е снимен во Њу Јорк на 12 август 1999. Албумот прими доста добри критики од американските магазини и се смета за една од нејзините најдобри живи изведби. The live album earned the Grammy Award for Best Latin Pop Album in 2001 and gained sales of five million worldwide. Во март 2000 година таа ја започнува нејзината Anfibio турнеја која траела 2 месеци на територијата на Латинска Америка и САД. Во август 2000 таа добива MTV Video Music Награда за спотот на песната „Ojos Asi“. На 9 септември 2000 година, Шакира ја изведува „Ojos Asi“ на инагуративната церемонија на Латински Греми Награди каде што била номинирана во 5 категории: Албум на годината и Најдобар албум со поп вокал за MTV Unplugged, Најдобра Рок Вокална Изведба за „Octavo Dia“, Најдобра Женска Вокална Изведба и Најдобра Кратка Музичка Изведба за видеото „Ojos Asi“но сепак успева да земе само 2 од наградите. Изведбата на „Ojos Asi“ на шоуто за наградите се смета за изведба на сите времиња.

Лејди Гага


Стефани Џоан Анџелина Германота (англ. Stefani Joanne Angelina Germanotta), (родена на 28 март 1986), или подобро позната под своето сценско име, Лејди Гага (англ. Lady Gaga) е американска пејачка.
Кариера
Откако била пријавена и наскоро испадната од Деф Џем Рекордс на 19 години, таа почнала да изведува на музичката рок сцена во ниската источна страна во Њу Јорк. За тоа време, таа исто така работела во Интерскоп Рекордс како пишувач на песни за неколку стабилни имиња, вклучувајќи го и Ејкон, кој, откако ја слушнал Гага како пее, го убедил раководителот на Интерскоп, Џими Ајовин да потпише договор со неа. Нејзиниот деби албум, The Fame (Слава), беше објавен во август 2008 година со голем успех и одлични коментари од критичарите и публиката. Како потврда за во главно позитивните критики, албумот се искачи на првото место во четири земји, исто така искачувајќи се на врвот на Билборд Топ Електроник Албумс. Првите два сингла, Just Dance (Само играј) и Poker Face (Покерско Лице) станаа број еден интернационални хитови, а вториот беше номиниран и за Бест Денс Рекординг на 51. доделување на греми наградите. Во 2009 година, Гага тргна на својата прва турнеја, The Fame Ball Tour. До денеска таа има продадено над 20 милиони дигитални синглови и 3 милиони албуми ширум светот. Во музички поглед, Гага е инспирирана од глам-рокери како што е Дејвид Боуви и Квин, но исто така и од поп пеачи како Мајкл Џексон и Мадона. Таа исто така е инспирирана од модата, за што таа тврди дека е важна компонента за нејзиното пишување текстови и изведби. Таа исто така е многу голем поддржувач на геј заедницата, велејќи дека тие се заслужни за нејзиниот ран успех.
The Fame
The Fame е првиот студио албум од Лејди Гага, за првпат објавен на 19 авугст, 2008 година од страна на Интерскоп Рекордс. Албумот постигна неверојатен успех, по што следеше специјално и дополнето издание на истиот, со неколку нови песни.
Листа на песни
Just Dance (featuring Colby O'Donis and Akon)
LoveGame
Paparazzi
Beautiful, Dirty, Rich
Eh, Eh (There's Nothing Else I Can Say)
Poker Face
The Fame
Money Honey
Again Again
Boys Boys Boys
Brown Eyes

Summerboy
I Like It Rough
Telephone